За Нас

Pink Support е организација која ја поддржува интеграцијата на маргинализираните групи во општествениот живот во Македонија преку нивна поактивна вклученост во спортските, социјалните и образовните активности во земјата. Нашата визија е да им помогнеме на маргинализираните лица да ги надвладеат сопствените и социјалните ограничувања и затоа сме во потрага по инсипративни личности кои со својата волја, издржливост и истрајност создаваат позитивен пример.

Лицата кои припаѓаат на маргинализираните групи мора да се изборат за своите права кои најчесто не само што не им се дадени, туку и им се негираат. Во таа насока, Pink Support се стреми да обезбеди поголема видливост на лицата кои се дискриминирани по основ на својата сексуална припадност, болните од ХИВ/СИДА, лицата со посебни потреби, но и сите оние кои немаат пристап до соодветна здравствена и социјална заштита, а боледуваат од рак или од ретки болести за кои не можат да добијат соодветна терапија во Македонија.

Активностите на Pink Support во наредните неколку години се насочени кон поддршка и организирање на спортски настани дизајнирани според потребите на лицата со посебни потреби и сите индивидуи кои имаат поинакви барања и потреби од околината во која живеат, но и кои со својата активност сакаат да направат промени во општеството. За таа цел, Pink Support е во процес на создавањемрежа од организации, активисти и компании со чија соработка ќе овозможи подобра реализација на поставените цели.

Ние бараме индивидуалци чии животни приказни и предизвици инспирираат и мотивираат. Сакаме да создадеме можности не само ЗА оние што ги немаат, туку СО оние што сакаат да ги имаат.

Што мислиме за нашите проекти

Проектите на Pink Support се развиваат со посебно внимение на потребите кои ги имаат луѓето и групите на кои им се наменети. Тие се дизајнирани да ги задоволат нивните потреби и да понудат решенија. Отворени сме за партнерство со организации и институции кои имаат иста мисија како нас.

  • 01
    Година во
    добротворност
  • 01
    Престоен
    проект
  • 15
    Членови