Најнови Вести

NYC Run - 2015

Розева трка - Крива Паланка 2015

На 4ти октомври во Крива Паланка се оддржа втората по ред традиционална Розева трка 2015 која оваа година беше организирана во чест на Јоце Блажески кој боледува од церебрална парализа, со цел да му помогнеме да отиде на последниот третман во Москва за пресадување на матични клетки како би можел да застане на нозе. Трката се оддржа на две патеки едната од 3км и втората на 5км. Настанот беше поддржан од Macedonian Bike Riders кои возеа 200 км велосипедска тура Скопје- Крива Паланка и назад и од Сузана Турунџиева која ја донираше нејзината последна книга. Како поддржувачи се вклучија и локални ресторани и кафичи од Крива Паланка кои даваа попусти за натпреварувачите. Di Biaggio NY беше главен спонзор на настанот и додели ваучери од над 30.000 МКД за најдобрите натпреварувачи.

Розева трка - Скопје 2014

На 12ти Октомври 2014та во Скопје, Македонија организацијата на првата Розевата трка беше успешно завршена како дел од проектот “Дојди и запознај ме“ кој беше организиран за да не зближи со слепите лица и лицата со проблеми со видот во Р.Македонија.

Следиот ден на 13ти Октомври беше прикажан документарниот филм “Приказна за мојот живот“ на Иван Нишотовски. Двата настани беа целокупно финансиски поддржани од Di BIAGGIO New York

Подготовки за Розевата трка - Скопје 2014

Подготовки за Розевата трка која ќе се одржи на 12ти Октомври во Градскиот парк во Скопје.

УС Опен 2014, Њујорк

Пинк Супорт МК присутен и на овогодинешниот US Open 2014 покрај големите имиња во тенисот како Новак Ѓоковиќ, Серена Вилијамс и Јелена Јанковиќ.

Геј Игри 2014 Кливленд - Охајо

Пинк Супорт гордо партиципираше на Геј Игрите 2014 во Кливленд-Охајо каде за прв пат Македонија беше претставувана во две дисциплини и освои два златни, два сребрени медали и два медала за учество. Слоганот на овој настан беше: I' am LGBT... Muslim... Christian.. Jewish... Disabled ... I' am Macedonia

Њујорк Pride Run 2014

Мода за лек

Дел за активностите на Pink Support ВО ВИКЕНД изданието на дневниот весник ВЕСТ.

Факти за Република Македонија

Македонија е земја на мистерии и скриени убавини, не излегува на море, нема познати ски терени, но Македонија има преубави езера, планини, богата култура и историја. Македонија е земја на Кириличното писмо и на првиот Славјански универзитет во светот.

The Color Run - New York

Нашите горди поддржувачи на Color Run 2014 New York.

American Heart Association Wall Street 5k Run

Di Biaggio New York учествуваше и донираше за American Heart Association Wall Street 5k Трка