Розева трка 2015 - Крива Паланка

На 4ти октомври во Крива Паланка се оддржа втората по ред традиционална Розева трка 2015 која оваа година беше организирана во чест на Јоце Блажески кој боледува од церебрална парализа, со цел да му помогнеме да отиде на последниот третман во Москва за пресадување на матични клетки како би можел да застане на нозе. Трката се оддржа на две патеки едната од 3км и втората на 5км. Настанот беше поддржан од Macedonian Bike Riders кои возеа 200 км велосипедска тура Скопје- Крива Паланка и назад и од Сузана Турунџиева која ја донираше нејзината последна книга. Како поддржувачи се вклучија и локални ресторани и кафичи од Крива Паланка кои даваа попусти за натпреварувачите.

Di Biaggio NY беше главен спонзор на настанот и додели ваучери од над 30.000 МКД за најдобрите натпреварувачи.